Дали би го промениле Вашето име за да освоите целосно нов живот во Берлин? За бесплатен лет до Германија, бесплатен стан, па дури и бесплатен велосипед? И не ова не е дел од програмата за заштитени сведоци, туку наградна игра понудена од една од најголемите авиокомпании во Европа, Луфтханза. А новото име? „Клаус Хајди“!

Краус Хајди е комбинација од најпопуларните машки и женски имиња во Германија. Иако оваа име составено од двата пола ќе биде чудно за користење во било која друга држава во Германија не е до толку невообичаено да се користат вакви имиња.

Бизарната кампања Клаус-Хајди беше осмислена од рекламната агенција ДДБ Стокхолм во 2013 година за да ја промовира авиокомпанијата на Луфтханза во Шведска. Персоналот во ДБД очекуваше неколку Швеѓани да се пријават, а всушност, 42 лица, на возраст од 19 до 69 години, поминале низ процесот на законско менување на нивните имиња за шанса за главната награда, а компанијата била толку преоптоварена со одговорите што морала да го затвори натпреварот еден месец порано. Речиси 70% од натпреварувачите биле мажи.

 

„Тие имаат потреба или сон да направат промена во нивниот живот“, изјавил експертот за маркетинг на Луфтханза, Магнус Енгвал. За тоа е и Берлин. Тоа е многу слободен град на многу начини. Луѓето одат во Берлин за да ги живеат своите најголеми соништа или да започнат повторно“.

Освен целосно опремен стан, лет до берлин и велосипед, победниците добиле и часови по Германски и неколку вечерни излегувања. Бил избран само еден победник а останатите 41 добиле 60.000 бесплатни милји со компанијата Луфтханза.  Безброј други кои привремено ги смениле своите имиња на социјалните мрежи добиле попуст за авионска карта.

Сподели на Facebook
пати видено