Една нова студија покажува колку драстично може патувањето во Вселената да го смени човечкиот мозок. Ова може сериозно да влијае на плановите на човештвото за патувањето до Марс.
Денешните патувања до Меѓународната вселенска станица се далеку од лесни. Астронаутите треба да се подложат на ригорозна физичка, ментална и академска обука за да се подготват за патувањето. Додека овие патувања можат да имаат трајни физички ефекти врз астронаутите, планираните патувања до Марс и други такви долги мисии може да имаат невидени последици вредни за нашето внимание.
Ова е причината зошто истражувачите ги истражуваат ефектите од патувањето низ вселената врз мозокот. Во истражувањето на мозоците на 34 астронаути пред и по вселенско патување, тие се надеваат дека ќе откријат нешто повеќе за тоа што се случува со човечкиот мозок во вселената. Од овие учесници, 18 од нив учествувале во мисии кои траеле околу 6 месеци, а 16 учествувале во мисии кои траеле околу 2 недели.
Снимките од мозоците на овие астронаути откриле значителни структурни промени како резултат на овие вонземски патувања. Нивните мозоци се префрлија нагоре и цереброспиналната течност на врвот од мозокот се стеснила. Интересно е што овие значајни промени биле пронајдени само во мозоците на астронаутите кои претрпеле подолго патување низ вселената.
Фокусирајќи се специјално на астронаутите кои биле на подолгите мисии, 94% од овие учесници имале стеснување на централниот сулкус на мозокот – жлеб што ги дели фронталниот и париеталниот лобус – споредено со само 19% од астронаутите кои биле на пократки патувања.
„Промените што ги видовме може да ги објаснат невообичаените симптоми што ги доживеаа астронаутите на вселенската станица кога се вратија и да ги идентификуваме клучните прашања во планирањето на потранспарентни истражувања, вклучувајќи ги и мисиите на Марс“, вели д-р Мајкл Антонучи, неврорадиолог на Медицинскиот универзитет во Јужна Каролина.
Менувањето и пренатрупаноста на различни ткива на мозокот укажува на тоа дека вселенското патување има сериозни и трајни импликации во човечкиот мозок. Но, додека оваа студија е значаен и голем чекор кон подобро разбирање на овие ефекти, „Изложеноста на вселенското опкружување има трајни ефекти врз луѓето што едноставно не ги разбираме. Она што астронаутите го доживуваат во вселената мора да се ублажи за да се создаде побезбедно патување во вселената“, вели д-р Дона Робертс, вонреден професор по радиологија на MUSC, која ја предводела студијата.
Експертите предвидуваат дека патувањето до Марс може да трае од 6 до 8 месеци. Доколку ова им се случило на астронаутите за само 6 месеци патување во вселената, остануваат неодговорени прашањата за тоа: Дали тие ќе го издржат патувањето? Дали ќе можат да живеат таму? и Дали ќе успеат да се вратат повторно на Земјата? Овие прашања се уште не можат да се одговорат, но овој тип на истражување е она што ќе им даде на научниците и идните астронаути алатки за да се борат против сите трајни, негативни ефекти од вселенското патување.