Возачите во соседството, со цел да ги избегнат казните и „блиските“ средби со сообраќајците, се организирале во групи и преку апликацииите и социјалните мрежи се предупредуваат едни со други за радарите и полициските патроли. Оваа појава е раширена во многу градови во Босна и Херцеговина. Први со овој систем започнале граѓаните на Бања Лука. Нивната Фејсбук група „Полицијата запира – Бања Лука“ денес има речиси 13 000 членови, а развиена е и апликација за мобилни телефони која ја има истата намена.

bih

Повеќе градови

По примерот на бањалучани, вакви групи почнале да се организираат и во другите босански градови како Тузла, Сараево, Јајце, Завидовиќ, Приједор, Градишка, а една од бројните групи е и „Полицијата запира – СБЖ“ (Policija zaustavlja – SBŽ) која ја следи состојбата во целиот Среднобосански кантон и брои повеќе од две илјади членови.

„Правилата се исти за сите. Кога некој ќе забележи патрола, им јавува на останатите во групата. Најважно е да наведе на кое место се наоѓа полицијата, колку полицајци има и за каква контрола станува збор. Ако можете да пратите фотографија, уште подобро, но не е задолжително“, раскажува еден од членовите на групата.

Апликации за мобилен

Развиена е и апликацијата за мобилен, наречена „Policija zaustavlja“, која собира податоци за радарите и контролите и им ги доставува на корисниците. Претставниците на полицијата во Босна и Херцеговина велат дека немаат ништо против вакви или слични активности, сѐ додека се во согласност со законот. Дури велат дека тие придонесуваат за попретпазливо возење од страна на возачите како и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели на Facebook
пати видено