Џордан Адлард Роџерс д Хелстон во Корнвол, се пресели во раскошниот имот од 620 хектари, кој вреди 60 милиони евра, по смртта на 62-годишниот Чарлс Роџерс.

31-годишниот негувател, се сомневал дека аристократот му е татко, но успеал тоа да го потврди преку ДНК тест, откако Чарлс починал.

Неговиот биолошки татко Чарлс понудил да направи ДНК кога Џордан бил дете, но од некоја причина не била извршена таква анализа. Кога наполнил 18 години Џордан тропнал на вратата на неговиот татко и му било кажано да му се обрати преку адвокат.

Но, кога Чарлс бил пронајден мртов во својот автомобил на имотот во август 2018 година, на возраст од 62 години, бил направен тест кој потврдил дека се во роднинска врска.

Чарлс

Бидејќи мајката на Чарлс починала дне недели по неговата смрт, а неговиот брат умира од рак, Џордан останал како единствен наследник.

Тој дал отказ како негувател и сега живее од средствата на имотот и вели дека неговиот живот станал одличен откако дознал дека е син на аристократ.

Неговиот татко Чарлс во последните месеци од животот не живеел во вилата туку во својот автомобил, не се капел и не ја менувал облеката, а причината за неговата смрт е предозираност со лекови. Џордан очекува син од својата девојка Кејти и не заборава да се пофали со скапите автомобили или со приватното езеро што го има имотот. Исто така заедно со неговата девојка со приватен авион паувале до Њујорк.

Сподели на Facebook
пати видено