Тројца астронаути безбедно се вратија на Земјата откако поминаа повеќе од 200 дена на Меѓународната вселенска станица. Капсулата Сојуз МС-11 со астронаути од Канада, Русија и САД падна во степите на Казахстан во 8.47 часот по локално време, што е помалку од една минута пред закажаното време, по 3,5 часа лет од орбиталната лабораторија.
Двајца астронаути, Ана Меклејн од САД и Давид Сен Жак од Канада го завршија својот прв лет, а командантот на експедицијата Олег Кононенко од Русија ја заврши својата четврта вселенска мисија.
„Потребни се 3,5 часа да се стигне од вселенската станица до Казакстан. Може да се опише како ролеркостер или како во машина за перење алишта, динамичен, но и прецизен и високо кореографиран процес.“, напишала Ана Меклејн на Твитер.