Гостите во вегетаријански ресторан во Тајланд се шокирале кога во нивните тестенини пронашле парчиња месо. Бидејќи биле изреволтирани затоа што пронашле месо во вегетаријански ресторан го пријавиле случајот на локалните власти. Но, откако пристигнала полицијата, приказната се претворила во хорор филм.

Откако месото било однесено на испитување било заклучено дека не станува збор за свинско или телешко, туку за човечко месо. Во кујната полицијата открила крв на подот и ѕидовите, како и парчиња свежо месо.

За да стане уште пострашно, подоцна го пронашле и телото на 61-годишен маж, кое било во распаѓање, во септичката јама на имот. Кога полицијата пристигнала во ресторанот сопственикот веќе бил во бегство.

Телото подоцна било идентификувано и станувало збор за редовен гостин во ресторанот, Прасит Инпатом, кој последен пат бил виден како пие во ресторанот на 21 октомври од страна на неговиот брат. Истрагата покажала дека Прасит и сопственикот на ресторанот имале вербална расправија, која ескалирала во физичка пресметка.

Тој беше удрен во главата со тап предмет и имал шест убодни рани во стомакот и ногата. Полицијата тврди дека намерата на сопственикот била да се ослободи од трупот на Прасит, мелејќи го и сервирајќи делови од него на гостите.

Не се знае дали некој од гостите го консумирал човечкото месо.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено