Сите ние пред нас имаме ограничен број на денови. Тие можат да се бројат со илјадници или со неколку, но секогаш не потсетуваат да го искористиме до максимум животот кој ни е даден.

Што го донесува прашањето: Што е најубавото нешто кое сте го направиле во последно време? Исто како и на Линзи Форд, типична 17-годишна средношколка, и вашиот живот може да се промени за само еден миг.

Откако Линзи дознала дека страда од леукемија и ѝ остануваат уште четири месеци живот, нејзиното семејство решило да помогне остатокот од нејзиниот живот да го проживее најнормално што може.

dev01

Ја однеле на разни „нормални“ активности, како Државниот саем на Тексас. Исто така се обиделе да ѝ приредат предвремена матура, како и други нешта кои ние ги земаме здраво за готово.

dev02

Нејзиното училиште ѝ дало огромна поддршка така што одржале предвремена матура за таа да успее да оствари една од целите во животот. Директорот Грег Браун бил главниот говорник на настанот и го кажал следново за тинејџерката, „Линзи е многу посебна млада дама овде во Средното училиште на Килгор и сите ние ја сакаме. Таа одбра да матурира тука, и ние сакавме да се погрижиме тоа да се случи.“

dev03

Како што кажала Кети Мерингер, нејзината наставничка и тренер по софтбол: „Овој ден ти стана учителот а јас ученикот, и ти ми покажа што значи тоа да се има семејство и да се имаат сништа. И ова е твој ден, ова е прекрасен ден – денот на твојата матура. Те сакам.“

dev04

Земете си едно пакетче палома. Ќе ви треба за да ја изгледате нејзината матура.

 

Сподели на Facebook
пати видено