Познатиот американски поранешен кошаркар Шекил Рашан О’Нил раскажува во емисијата на Грахам Бесингер „Во длабочина“, како за 1 ден потрошил 1 милион долари, по потпишување на договор за поддршка пред да потпише официјален договор со Орландо Меџик. Шек раскажува како се одвивал неговиот живот кога за прв пат се сретнал со толку пари.
„Знаете кога сте млади не знаете многу за бизнисот и заборавате на две работи, FICA и данок на добивка. Затоа мислев дека ќе добијам чисти 1 милион долари, но забораваш на такви работи и добив околу 600.000 долари, па затоа земав и купив автомобил од 150.000 долари, без преговори, не знам ништо за преговори и да ми кажеше дека е 200.000 ќе го купев. Значи купив црн Мерцедес, затоа што тоа го сакав отсекогаш, црн Мерцедес, тоа е добро возило. Тоа беше 150.000, го напишав чекот, се вратив дома и татко ми ми рече ‘А каде е мојот’, си помислив тој ме направи тоа што сум денес, влегувај. Се возевме, му кажав на човекот сакам уште еден, ист и го добив. И така отидоа 300.000 долари. Стигнавме дома и мајка ми рече ‘О тоа е убаво, јас не би сакала голема, би сакала мала’. Бидејќи знаев дека ќе има уште пари па си реков ајде да ги средам овие работи сега, така да отидов и и купив еден автомобил и на мајка ми и отидоа скоро 500.000. Сега морав да купам облека, морав да купам накит, морав да купам озвучување за автомобилот за кога ќе одам по клубови, ставив аларм, колата имаше пејџер и телефон.“, вели Шекил.
Додека спортистот уживал во трошењето на парите не обрнувал внимание на својата банкарска сметка.
„Неколку дена подоцна добив повик од банката, банкарот беше семеен пријател и ми рече ‘Знаеш да читаш извод од банка?’, и јас реков да и почнав да читам и забележав дека сум 80.000 долари во минус и гледав и бев навистина посрамотен.“, раскажува Шек.
Веднаш потоа неговиот татко реагирал бидејќи не сакал син му да заврши „како сите други спортисти“ и решиле да вработат финансиски советник. Шекил вели дека најдобро се согласувал со финансискиот советник кој бил Евреин и кој не ветувал чуда туку се грижел за сите пари да бидат правилно распоредени и да има заштеда за неговата иднина.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.