Жена од Кина била врзана за порта и нападната од лутите селани кои ја фатиле како со отровни стрели убива куче. Таа сакала да го украде мртвото куче и да го продаде во некој ресторан. На видеото се гледа како маж ја удира бескрупулозната жена со дрвен стап долг околу еден метар.
Жената, која не била именувана, била врзана на метална врата во близина на влезот на училиштето додека маж ја камшикувал со стап. Селаните подоцна ја засрамиле жената така што го ставиле мртвото куче на нејзините раменици. Не се знае кога и каде точно се случил инцидентот и нема официјални изјави во врска со истиот.
Отровни шприцеви или стрели често се користат во Кина, така што крадците би можеле веднаш да ги убијат кучињата и да ги однесат да пазар или во ресторан. Коментарите на социјалните мрежи биле поделени и додека еден дел од луѓето ги поддржувале селаните, други коментирале дека случајот требал да биде предаден на полицијата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!