Знаеш ли како се запознав со жена ми? Чудно! Ѕвони на вратата. Отворам и гледам страшна убавица. Природна русокоса, фигура… Бомба! И почна да ми се лути:
„Ти слеп ли си! Во животот не сум сретнала некој кој ќе ме види и по два месеци да не е веќе луд по мене!“
Јас сум целосно збунет! Молчам. А таа не запира:
„Секој ден тренираш со твоите железа на терасата, а јас живеам во спротивната зграда. И како глупачка… Дури прозорците ги миев без градник, и стриптиз ти правев… Само да ме забележиш. Дури и те викав! А ти – нула емоции, сеедно ти е, исто како да ме нема. Утре одиме да се венчаме. За мене е важно да си докажам дека СИТЕ мажи може да се мои, доволно е само да посакам!!!“
И ете… Живееме веќе десет години заедно… А на соседната тераса, мојот сосед Петар, до ден денес продолжува да си ги крева теговите.