Маж излегува со жена на прв состаник:
– Кажи ми нешто за себе! – му вели таа.
– Бев најдобар ученик во средно, завршив факултет, а додека студирав и работев. Сега сум менаџер, си купив автомобил, наскоро ќе си купам стан, планирам да се оженам, да имам две деца… А сега ти ми кажи нешто за себе.
– Па, јас сум убава…