Војникот на американската армија ќе ви објасни како се ракува со рачниот фрлач на Стингер ракети кои сами ја следат целта. Војникот треба на почеток да го маркира леталото преку нишанот, се додека не слушне тон, со кој ракетата му дава на знаење дека метата е меморирана. Потоа војникот само ја пушта ракетата, а таа сама си ја наоѓа целта. Ваквите ракети биле дизајнирани во 1967 година, а почнале да се произведуваат во 1978. Освен армијата на САД, ги користат и армиите на 29 други земји. Производител е америкнакста компанија Raytheon Missile Systems, а лиценци за производство имаат и една германска и една турска компанија. Една ракета чини 38.000 долари.