Не треба да се напомене дека силувањето е едно од најсвирепите дела кои може да ги направи еден болен човечки ум. Затоа секоја ваква постапка заслужува соодветна, строга казна. Оваа казна варира во различни земји, почнувајќи од само неколку години затворска казна, па се до кастрација и смрт.

Индија – доживотен затвор или смртна казна

По воведувањето на новиот закон против силување во Индија (во април 2013 година), виновниците се казнети со доживотен затвор (кој всушност е 14 години во Индија) или смртна казна, во најретки случаи.

Франција – 15 години до доживотен затвор

Сторителот може да добие 15-годишна затворска казна за силување, која може да се зголеми на 30 години или доживотен затвор – во зависност од степенот на повредите што ги предизвикал на неговата жртва и суровоста со која е извршено злосторството.

Кина – смртна казна или кастрација

Казната за силување во Кина е смрт и во многу случаи тоа се прави исклучително брзо (нема потреба обвинетиот да чека со години, како на пример во Америка). Кастрацијата се казнува во поретки случаи.

Саудиска Арабија – обезглавување (неколку дена откако ќе биде фатен криминалецот)

Казната за силување во Саудиска Арабија е јавно обезглавување откако сторителот е успиен со средство за смирување. Интересно, во Саудиска Арабија, трговијата со дрога се казнува на ист начин.

Авганистан – сторителот е застрелан во главата или обесен

Во зависност од пресудата, која сторителот ќе ја добие од судијата, тој е или застрелан во главата или ќе биде обесен во рок од 4 дена по неговото апсење.

Египет – бесење

Некои сметаат дека бесењето е застарен метод, но според египетските закони казната за силување е токму таква.

Иран – бесење

Во повеќето случаи, силувачите во Иран се осудени на смрт со бесење, но во некои случаи (поретко) тие се каменувани.

Израел – 16 години затвор до доживотен затвор

Силувачите се казнуваат со 16 години затвор во Израел. Сепак, дефиницијата за „силување“ е поневообичаена и не вклучува само сексуално насилство.

САД – Доживотна казна

Обично пресудата за силување зависи од тоа дали процесот ќе е под државна или федерално законодавство. Казната може да варира од неколку години до доживотен затвор.

Русија – помеѓу 3 и 20 години затвор

Најчесто казната за силување е помеѓу 3 и 6 години затвор. Тоа зависи од целокупната ситуација и од бруталноста на сторителот и може да достигне 20-годишна затворска казна (во најретки случаи).

Норвешка – помеѓу 4 и 15 години затвор

Секаков вид сексуален напад извршен без согласност на жртвата спаѓа во категоријата „силување“ во Норвешка, а сторителот може да биде осуден на затвор од 4 до 15 години.

Македонија – помеѓу 3 и 10 години затвор

Во кривичниот законик на Р. Македонија стои: „Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од три до десет години.“

Сподели на Facebook
пати видено