Батериите на полнење заштедуваат пари и го намалуваат ризичниот отпад. Се разбира, ако се сетите да ги наполните. Да земете батерија за само да увидите дека ќе треба да мине четири часа на полначот е навистина непријатно.
Фрустриран од овој проблем, Шон Фрејн решил да измисли полнач на батерии кој работи секаде кадешто има сонце – не ви е потребна приклучница.
„Ми требаше евтин и брз начин да направам полначи за батерии коишто ќе ми стојат на масата, така што би можел во секое време на располагање да имам армада батерии“ – пишува Фрејн.
„Не сакав да зафатам уште повеќе приклучници и да имам шпагети од кабли наоколу, па се решив да направам соларен полнач“.
Чекор 1: соберете го потребниот материјал
– Самолеплива бакарна лента
– Супер лепило
– Шпил карти
– 4 NdFeB магнети со дијаметар 5-25mm, дебелина 1-3mm
– 4-8 мали парчиња силиконски PV ќелии.
Неколку АА батерии на полнење.
Чекор 2: свиткајте ја картата и нанесете ја бакарната лента
Свиткајте ги пократките рабови на картата налик на масичка со две нозе. Потоа нанесете ги парчињата бакарна лента. Бакарната лента е проводникот за енергијата генерирана во соларните ќелии.
Чекор 3: прицврстете 2 магнети на долната страна од картата
Магнетите се во функција на терминали кои го поврзуваат соларниот полнач со батеријата. Можете да додадете магнети и на другата страна од картата; во тој случај тие ќе се држат меѓусебно, така што нема да ви биде потребно лепило.
„Кога магнетите ќе се залепат за батеријата, струјата од соларните ќелии протекува низ бакарната лента и преку магнетите оди во батеријата“, пишува Фрејн
Чекор 4: поставете ги соларните панели
За да се генерира доволно количество енергија, соларните ќелии се редат една врз друга како шиндри и се лепат со супер лепило.
(+) излезот е сивиот долен дел од првата соларна ќелија. (-) излезот е сребрениот дел на сината површина на последната соларна ќелија.
Чекор 5: нанесете слој од епокси врз горниот дел од картичката
Подгответе двокомпонентно епоксидно лепило и нанесете го врз горниот дел од картичката покривајќи ги панелите и макгнетите.
ВНИМАВАЈТЕ да не ја покриете површината на долните магнети, бидејќи во тој случај нема да пренесуваат енергија.
Чекор 6: Почекајте пет минути да се исуши лепилото и…воала! Имате полнач за АА батерии на сончева енергија.
Повторете го целиот процес 51 пати за да имате залиха на резервни батерии која ќе ви трае со години.
Запознајте се со Фрејн кој ќе ви објасни како функционира овој проект во следниот видео клип: