За прв пат во историјата авиокомпанијата Qantas го изведе првиот директен лет од Перт до Лондон. Летот траел 17 часа и 20 минути и успеал да слета неколку минути пред предвиденото време по поминати 14.400 километри. Авионот кој е користен за оваа долга релација е подобрен Boeing 787-9 Dremaliner, наречен Емили и е два пати поекономичен од Боинг 747.

Авионот може да се пофали со голем број предности во однос на другите модели, вклучително и помала бучава во кабината, поголеми прозорци, подобрен квалитет на воздухот и технологија за намалување на турбуленциите.

Патниците биле воодушевени што се дел од оваа историско возење и објавувале фотографии од специјално изработеното мени и бар за самопослужување со бесплатни грицки и пијалоци.

Маршутата е 24% подолга од претходната најдолга маршрута на Обединетото Кралство, управувана од Гаруда Индонезија помеѓу Хитроу и Џакарта и изнесувала 11.700 километри.

На првото возење имало повеќе од 200 патници и 16 членови на екипажот. Авионот има 42 седишта за бизнис класата, 28 премиум економски седишта и 166 седишта во економската класа. Патниците биле пречекани со подароци, кои вклучувале, маска за спиење, слушалки за ушите, кебенце и четка за заби.

Според патник од бизнис класата, Роберт Вилијамсон, директор на рудник од Перт, летот бил: „Изненадувачки добар, над моите очекувања“.

Но, патник од економската класа изјавил дека специјално изработените прехранбени продукти биле неутрални и „обични“, но признал дека летот бил „добар, побрз отколку што мислев“.

Голем дел од луѓето биле загрижени и дека нема да можат да пушат цигари во авионот. Исто така, иако летот добил повеќе пофалби за храната и удобноста, патниците се пожалиле на интернетот.

Сподели на Facebook
пати видено