Секоја година во пустината Невада се одржува еден од најлудите фестивали на планетата – Burning Man. Илјадници луѓе подигнуваат привремен град, каде што живеат неколку дена. Главните принципи на фестивалот се меѓусебна помош, еколошки стил на живот и одбивање на парите, но, што е најважно, овде владее неверојатно креативна атмосфера.