Човекот, официјално познат како Хоакин Гузман, во моментов се наоѓа зад решетки во Њујорк, каде што му се суди за наводно извршување на најголемата операција за шверц со дрога во светот дури и додека бил зад решетки во Мексико. Во обид да го прошири својот нарко картел Ел Чапо изнајмил магацини за складирање на овошје во Австралија.
Американските власти спровеле рација во неговата куќа во Синалоа, и се шокирале кога откриле илјадници лажни краставици и банани. Картелот сѐ уште работи, иако Ел Чапо е во затвор. Доколку дрогата успеала да пристигне во Австралија ќе достигнала улична вредност од 100 милиони долари.
Наречен „најопасниот човек во светот“ се верува дека Ел Чапо имал врски со колумбискиот нарко бос, Пабло Ескобар. Ескобар, наводно, му помогнал на Ел Чапо да научи како функционира бизнисот.
Оттаму, Ел Чапо успеал да се крене и да манипулира со неговата моќ меѓу луѓето и властите во Мексико и целиот свет.
Тој е добро познат по тоа што има врски и секогаш е еден чекор пред рациите или обидите за апсење. За време на неговото судење голем број на поротници биле исклучени од судењето затоа што биле „обожаватели“ на Ел Чапо, а еден од нив дури и му побарал автограм.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.