Во текот на неговата работа како полицаец, патролирајќи во најнемирните делови на Лондон, Мајк Абот уапсел дваесеттина луѓе поради продажба и злоупотреба на наркотични средства. Како млад регрут собирал луѓе кои носеле канабис на улица во области како Брикстон, а подоцна учествувал во тајни операции против поголеми дилери.
„Миризбата на хашишот стануваше се посилна“, вели тој. „Мојата работа беше да се придржувам до законот, а канабисот, како и сите други дроги беше незаконски.“
Три децении подоцна, Абот е успешен бизнисмен. А сепак, со оглед на неговата биографија, иронично е тоа што тој прераснал меѓу најголемите дилери на легален канабис во САД. За овој поранешен член на Метрополитен сега работи Колумбија Кер, најголемиот играч на новиот пазар за медицинска марихуана во САД. Продажбата на канабис во медицински цели сега е дозволена во 25 од 50-те држави.
Брзорастечката фирма на Абот – основана со неговиот пријател и колега од Голдман Сакс – сега отворила подружници во, почнувајќи од мали гратчиња во Аризона, па сѐ до големи градови како Бостон, Чикаго и Њујорк. Набавките доааат од серија плантажи и складови. Фирмата има илјадници растенија распространети низ седум американски држави.
Абот е фокусиран на медицинскиот пазар, и тврди дека неговото искуство како полицаец му помогнало да се пренасочи во професијата, продавајќи производи од канабис на пациенти со болести како рак, епилепсија и склероза.
„Зошто луѓето со медицинска потреба да бидат изложени на ризик да бидат уапсени?“ прашува тој. „Ова им овозможува да појдат во регулирана средина, наместо да се обратат на уличен дилер, да избегнат непотребно трошење средства и да им помагаат на криминалците.“
Кога започнал со својот бизнис, повеќето негови бизнис пријатели мислеле дека луд кога им кажал дека влегува во индустријата со марихуана, и се шегувале дека по неговата богата успешна кариера како полицаец, а подоцна и како банкар, сега станува дилер на дрога. Но, наишол на голема поддршка кај неговиот татко, поранешен доктор, кој собрал податоци за медицинските карактеристики на марихуаната. Неговиот бизнис партнер Ник Вита пак се импресионирал од медицинските својства на канабисот откако на неговата мајка ѝ дал крем од канабис кој според неговите кажувања многу ѝ помогнал за нејзиниот ревматичен артритис. Двајцата отпрвин започнале како пасивни инвеститори, но сега раководат со фирмата. Вита вели дека никогаш во животот не пушел марихуана, а Абот признава дека пробал на факултет откако ја напуштил полицијата.