Среќната железна рипка, пронајдок на д-р Кристоер Чарлс од Канада можеби наскоро ќе направи проблемот со недостаток на железо, т.е. анемичноста, да стане дел од минатото. Две милијарди луѓе се анемични, со што ова е најчестиот проблем поврзан со исхраната во светот, а прехранбените додатоци или се недостапни или премногу скапи за многумина.
Рибата на д-р Чарлс обезбедува 75 отсто од препорачаното количество на железо кое возрасен човек би требал да го внесува на дневна основа.
„Зовријте вода или супа со железната риба барем десеттина минути и потоа извадете ја рибата од течноста. Додајте малку лимонов сок кој е важен за апсорцијата на железо“, објаснува докторот. Храната зготвена на овој начин нема да го промени својот вкус, а самата риба може да трае неколку години.
Во Камбоџа околу 2500 луѓе ја употребуваат рибата, и експериментите покажуваат дека тие кои зеле учество во истражувањето веќе дванаесет месеци не се анемични.