За само неколку месеци, новата стартап компанија во Стокхолм ќе се обиде да го промени начинот како урбаните фармери размислуваат за одржливост и како сопствениците на зградите можат да имаат корист од тоа да бидат еколошки. Шведска компанија наречена Плантагон се очекува да отвори подземна фарма под канцелариската кула од 26 спрата во градот без да плати наемнина.
Како? Ако се оди според планот, топлината од LED светлата што помагаат да се нахранат растенијата ќе биде префрлена во остатокот од зградата, покривајќи ги трошоците за греење што се речиси трипати поголеми од износот кој сопствениците на зградата би го наплатиле за закуп на просторот.
Рециклираната енергија е дел од планот на Плантагон да го смени пејсажот на урбаното земјоделство. Некои од производите ќе бидат продадени директно на канцелариски работници над фармата, вклучувајќи и два ресторана. Плантагон, исто така, планира да отвори продавница во зградата, како и да продава стоки на блиските дилери кои нема да користат фосилни горива за транспорт.
Плантагон има намера да отвори уште 10 фарми во Стокхолм и еден „plantscraper“(концепт кој е прикажан погоре), кои ќе обезбедат храна на повеќе спратови додека ги субвенционираат трошоците со станарите на други спратови. На крајот, Плантагон дури би можел да ја продаде својата дополнителна топлина од фармите во канали низ целата земја за понатамошно поддршка на трошоците за водење бизнис.