27-годишната жителка на Нигерија, Олајумоке Орисагуна имаше среќа да се најде на вистинско место во вистинско време и радикално да си го промени својот тежок живот на продавачка на леб. Прочитајте ја неверојатната приказна на обичната темнокожа девојка, која почна да се појавува на насловните страници на модните списанија.
Се започна со тоа кога британскиот музичар Тајни Темпа се врати во родната земја, во домот на неговите родители.
Таму тој учествувал во фотосесија на фотографката и пејачка Ти Бело.
Продавачката на леб случајно ја фатиле во еден од кадрите. Потоа, гледајќи ги фотографиите, фотографката ја забележала девојката која била многу колоритна и убава. Така Ти Бело решила да ја пронајде и да и понуди работа.
Една од најпопуларните фотографии на продавачката на леб стана таа со нејзината 14-месечна ќеркичка Грејс.
Неодамна Олјумоке се појави на насловната страна на африканското списание This Day Style.
Младата мајка стана локална ѕвезда, а веќе има потпишано договори со неколку модни агенции.