Една дебела жена решила по секоја цена да ослаби. Ги презела сите мерки, дури и го сменила правецот на движење, кога оди на работа да не поминува покрај слаткарницата.
Едно утро, сепак, жената се појавила во канцеларијата со огромна торта.
– Колешке, што се случува? – Ја прашале колешките, знаејќи дека се труди да ослаби.
– Еве што се случи: Утрово решив повторно да поминам покрај слаткарницата затоа што патот е пократок, а веќе неколку дена постам и немам гајле. Ја гледам оваа прекрасна торта и си велам: „Леле каква убава торта. Ако Господ сака да ја изедам, ќе ми даде некаков знак. На пример – точно пред слаткарниците, ќе има слободно место за паркирање.“
– И што – имаше ли место?
– Да, имаше! Можете ли да замислите, една кола излегуваше точно кога јас го завртев осмиот круг…