Сировото место е исклучително тешко за соџвакување, тогаш како нашите предци успевале да го јадат? За разлика од другите месојадни животни како волците, коишто имаат заби со кои го сецкаат место на ситни парчиња, човечките заби пред сѐ се приспособиле да функционираат како толчници, што значи дека првин мора да ја зготвиме храната пред да ја внесеме во нашето тело. Но, пред напредокот на готвењето, нашите предци некако успевале да јадат сирово месо во време кога нивните заби биле слични на нашите  – како успевале, која е нивната тајна?

hm

Даниел Либерман, палеоантрополог од универзитетот Харвард дознал од прва рака колку е тешко за човек да изеде парче сирово месо.

„Го ставате во уста и џвакате и џвакате и ништо не се случува“, вели тој. „Речиси како да џвакате гума за џвакање.“

Во нова студија во која бил анализиран бројот џвакања потребни да се процесира месото, Либерман и неговата колешка Кетрин Зинк заклучиле дека нашите предци сировото месо го јаделе така што употребувале камени алатки со кои го сецкале и мелеле место пред да го стават во уста.

„Ако веќе не ви е потребно да имате силни вилици и големи заби, со природната селекција се создаваат други предности кои ги подобруваат шансите за опстанок“, вели Зинк.

Сподели на Facebook
пати видено