Лора и Брејден Фаганело може да изгледаат како обична двојка која штотуку се свршила. Сепак, оние што се блиски со нив веќе знаат дека нивната приказна е далеку од обична.
Откако се запознале и вљубиле еден во друг пред три години парот докажа дека на некои луѓе им се судено да бидат заедно и не можат да бидат разделени од времето, далечината, па дури и од губењето на меморија.
Неодамна Лора Фаганело објави дека се свршила објаснувајќи зошто повторно се омажи за нејзиниот сопруг Брејден. Во 2016 Лора за прв пат се запознала со Брејден и се вљубила во него. Скоро три години подоцна таа се нашла во ситуација во која воопшто не знаела кој е Брејден. Двојката се венчала истата година кога се запознале и само 9 месеци по венчавката се случила трагедија која го ставила нивниот брак на искушение.
Лора раскажува како се случила несреќата: „Локална компанија за организирање на настани ме ангажираше да помогнам во организирање на еден настан. Бевме надвор да го украсувавме шаторот за голем настан, но компанијата доцнеше и немаше ѕидови за шаторот. Имаше силен ветер тој ден и сѐ одеше на сите страни. Бидејќи сè доцнеше, немаше многу внимание во мерките за безбедност. Имав задача да ги украсувам масите, така што како што уредував, слушнав врисок од девојките зад мене. Погледнав нагоре, а потоа слушнав (и дефинитивно почувствував!) силен удар на главата. Голема шипка за која беа потребни двајца луѓе да ја кренат поради ветерот падна на мојата глава. Мојата последна јасна мисла беше „тоа не е добро…“. Потоа сѐ ми стана матно.“
Пред несреќата таа била последна година на факултет, а кога се разбудила во болницата имала сеќавања само до нејзината 17-та година. Тука започнале нејзините маки. Девојката не можела ниту да пишува, ниту јасно да зборува во првите месеци у уште полошо, воопшто не се сеќавала на нејзиниот сопруг.
Првите неколку месеци кога се вратила дома биле тешки, бидејќи всушност Лора живеела со „непознат“, а и нејзиниот сопруг постојано бил под стрес. Но, тогаш и двајцата решиле да си дадат шанса и повторно да се запознаат. Лора станала потолерантна, а Брејден поромантичен. Таа го извадила прстенот и му кажала дека сака повторно да му биде девојка.
Тој првин ѝ станал најдобар пријател, па симпатија, па голема љубов. На Лора ѝ биле потребни 2 години за целосно да се опорави од несреќата. И покрај фактот дека тоа неверојатно го промени нејзиниот живот, таа не се откажа и го искористи најдоброто од него. Таа повторно се заљуби во истиот човек и иако не ги врати своите стари сеќавања, си направи нови.
„Повторно се заљубив во него. Процесот траеше малку, но неверојатно вредеше.“, вели Лора.