Атлантерхавсвелен, или Атлантскиот океански пат во Норвешка е автопат во должина од осум километри каков што никогаш порано не сте виделе. Патот поврзува редица острови и има повеќе свиоци и угорнини и удолнини. Нуди прекрасни глетки на околните планини и морето коешто го заплискува и самиот автопат. Оваа норвешка градба на векот ги мами туристите од целиот свет да се нагледаат на убавите глетки и да си ги испробаат возачките вештини.