Жената се враќа дома радосна:
– Душо имам одлични вести. Главоболката што ме мачи толку време исчезна и сега сум во одлична здравствена состојба. Отидов кај еден хипнотизер, тој ме хипнотизираше, ме натера да застанам пред огледало и да си повторувам „Јас немам главоболка, јас немам главоболка, јас немам главоболка“ и оп чудо – главоболката наеднаш исчезна. Всушност, знаеш што, ти во последно време некако не си особено страстен во креветот, зошто не отидеш и ти кај овој човек, може да ти помогне.
Се согласил мажот и отишол кај овој чудотворец. Се враќа вечерта дома, се соблекува, ја крева жената на раце и ја носи во спалната соба. Ја става на креветот и вели:
– Само момент душо, веднаш доаѓам!
И оди во бањата. По малку се враќа и ја љуби страсно, како никогаш дотогаш. Жената била многу задоволна, а тој пак и вели:
– Само момент душо, веднаш доаѓам!
И повторно оди во бањата.
Следува втората тура, уште пострасна од првата. На крајот тој пак ги кажува истите зборови и пак оди во бањата. Жената, како жена, станала многу љубопитна што ли прави тој во бањата. Отишла на прсти, ја подотворила малку вратата и го гледа мажот стои пред огледало и вели:
– Тоа не е мојата жена, тоа не е мојата жена, тоа не е мојата жена…
Погребот е во недела.