Денес Земјата е единствената планета во сончевиот систем на која што има живот. Но пред 3,5 милијарди години можеби имало уште една, Марс. Научниците веруваат дека планетат имала густа атмосфера, вода во течна состојба и можеби и живот на површината се додека нешто не се случило и Марс станал ладен и пуст свет.
Сега, благодарение на вселенското летало на НАСА, наречено „MAVEN“ можеме да заклучиме што ја убило црвената планета. Сите докази водат кон сонцето. Идентификувани се три различни процеси кои ја одземале атмосферата на нашиот сосед, а тоа се сончевиот ветер, екстремните ултравиолетови фотони од Сонцето и што е најважно, соларните бури.
„MAVEN“ ја проучува горната атмосфера на Марс, илјадници километри над површината, јоносфера и неговата магнетосфера, остатоците од многу посилно магнетно поле што некогаш го имал, за да се утврди како Марс стана речиси непогоден за живеење.
„Во почетокот Марс имал течна вода во изобилство на површината и така може да се замисли постоечки живот. Тогаш атмосферата исчезнала и сите живи организми би требало да мигрираат под површината. Значи, ние учиме кои процеси можат да влијаат на хабитуалноста.“, вели Брус Јакоски, главен истражувач на мисијата „MAVEN“.
Инструментите на „MAVEN“ беа користени за директно мерење на стапката на атмосферска загуба од Марс, била извршена анализа на кислород и јаглерод диоксид. Сè уште постои атмосфера околу Марс, но врз основа на овие нови податоци го губи она што останало со стапка од 100 грама во секунда, мала, но значајна количина со текот на времето.
Најголемо влијание имаат соларните бури, излив на енергија и честички како што се меѓупланетарни коронални масовни исфрлања, кои во голема мера ја забрзуваат стапката на загуба. „MAVEN“ беше во можност да го набљудува ова додека го следеше преостанатото магнетно поле на Марс и сфати дека јамките на магнетизам се протегаа на 5.000 километри во вселената за време на овие настани. Ова резултирало повеќето јони, како што се кислород и јаглерод диоксид да бидат исфрлени од црвената планета со што се намалила нејзината атмосфера.
„Го видовме ефектот од ударот со соларна бура и кога тоа се случува факторот на загуба се зголемува за 10 или 20. Затоа во минатото кога сончевите бури биле побројни и поинтензивни, кога сончевиот ветер бил поинтензивен, стапката на загуба би била поголема отколку што е денес. Тоа е клучниот резултат на кој сме фокусирани.“, изјавил Јакоски.
Како Марс го изгубил своето магнетно поле и му дозволил на Сонцето да ја избрише атмосферата останува мистерија. Но истражувањето може да објасни како Марс го изгубил поголемиот дел од јаглерод диоксидот што некогаш го имал и дека во минатото можеби имало живот на оваа планета.
Јакоски вели: „Се чини дека Марс во минатото ги исполнувал сите барања од животната средина за да постои живот. Ова не значи дека дефинитивно имало живот на Марс, но значи дека не е глупаво да си го поставиме тоа прашање.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.