Дали сте размислувале за тоа дека некои луѓе околу Вас го гледаат светот на сосема различен начин? Сите си имаме свој уникатен поглед на светот, но поради одредени состојби нашата перцепција може да стане сосема различна. Одреден дел од овие состојби не можат да се избегнат, но одреден дел од нив самите си ги предизвикуваме.
Видот на здрава личност
Страбизам
Често се верува дека лицето со страбизам има двојна слика или, исто како и во некои филмови, може истовремено да гледа во различни насоки. Вистината е дека мозокот на оваа личност игнорира што гледа едно од очите, па сликата не се удвојува. Со други зборови, можете да видите што тие луѓе гледаат само со покривање на окото со раката.
Миопија
Миопија е кога можете да видите предмети кои се блиску до вас релативно добро, додека оддалечените објекти стануваат матни.
Хиперметропија
Со хиперметропија е обратно: не можете да видите што е до вас, додека позадината е сосема јасно видлива.
Делумно слепило
Еве што гледаат лицата кои се делумно слепи. Тие можат да разликуваат апстрактни форми, бои и светлина.
Подоцна изгубен вид
Ова го гледаат луѓето кои го изгубиле нивниот вид но имаат делумна перцепција за светлина. Тие разликуваат само светлина и темнина. Најчесто ова се луѓе кои биле родени со нормален вид а потоа поради одредени околности ослепеле во текот на животот.
Целосно слепило
Целосното слепило изгледа како целосна темнина. Но слепа лчност не би го дефинирала светот како црн и темен затоа што не знае како изгледа црната боја или темнината.
Далтонизам
Еве како најчесто изгледа светот преку очите на далтонистот.
Новороденче
Новороденчињата можат само да ја забележат присутноста и недостатокот на светлина.
Бебе 1 месец по раѓањето
По еден месец бебињата почнуваат да забележуваат големи објекти и објекти кои се на 20 сантиметри од нив.
Бебе 6 месеци по раѓањето
По 3 месеци детето може да ги разликува лицата на неговите родители. По 6 тие ги разликуваат и боите, најдобро црвената и жолтата.
Алкохолна интоксикација
По пушење на канабис
Видот станува сличен на личност која испила малку повеќе алкохол.
Со ЛСД
Кокаин
Оваа дрога ги зголемува сите чувства, сликите стануваат „поцелосни“, посветли и малку искривени.
Хероин
Визуелните ефекти од оваа смртоносно средство можат да бидат различни. Но, сепак оваа дрога драстично го менува погледнот на светот и животот.