Времето залади, а со тоа започна и сезоната на настинки и грипови. Аптеките се полни со разни лекови и додатоци за исхрана за зголемување на имунитетот, но старити бабини лекови сѐ уште се популарни во целиот свет. Тоа значи само едно, дека и рецептите на баба можат да помогнат да се справите со настинките.
Интересно е колку се разновидни народните лекови во различни земји.
Огнен компот (САД)
Брутална мешавина која содржи кромид, лук, ѓумбир, црн пипер, рен, лимон, мед и разни други зачини. Смесата се остава да отстои неколку недели, а потоа вирусите нека му ја мислат! Се консумира во мали количини, бидејќи е многу зачинета.
Десерт од брашно од наут (Пакистан, Индија)
Овој полу-сладок десерт најмногу се приготвува во индиската држава Пенџаб. Ова е природен лек за кашлица. Се подготвува од брашно од наут, млеко, путер и шеќер. Многу згодна работа: болното лице го јаде како лек, а остатокот од семејството го јаде за десерт.
Пилешка супа (Израел)
Не само во Израел туку и во половина земји од светот, се јаде пилешка супа веднаш штом ќе се осетат знаци на настинка. Но, израелската супа е многу богата со месо и народот ја вика „еврејски пеницилин“.
Чај од лук (Шпанија)
За да не биде толку сурово, чајот се засладува со мед и лимон. Комбинацијата се вика „шпански лек“ и делува беспрекорно. Овој чај исто така се користи и за слабеење.
Супа од гуштер (Хонг Конг)
Овој бабин лек може да се сфати аналогно на пилешка супа, но во азиски стил. Во најмала рака ефектот е сличен – губењето на течноста се компензира, носот почнува да дише, кашлицата станува помека. Сушени гуштери не се купуваат од локалните супермаркети, туку во аптеките за традиционална кинеска медицина.
Топол рум (Западна Европа)
Рецепти со топли, жестоки алкохолни пијалаци се популарни во Западна Европа. Со доаѓањето на есента и првите знаци на студ, тополиот рум со зачини по вкус игра важна превентивна улога. Главната работа не е да не се претера.
Ефедрална лушпа (Кина)
Кинеската хербална медицина е стара илјадници години, а ефедрата, или ма-хуанг, е едно од најстарите лековити растенија. Забрането е во многу земји во светот. Ефектот од предозирање е еднаков на некои наркотици. Но, оваа трева успешно ги третира студот и главоболките во Кина.
Маслото од копајско дрво (Перу)
Маслото од копајското дрво е познато долго време и се користело во различни форми од страна на домородците од Перу. Тоа помага при респираторни заболувања, најчесто се користи за инхалација и триење.
Умебоши кисела слива (Јапонија)
Традиционалните кисела сливи Умебоши се прелеваат со зелен чај и се оставаат да стојат некое време пред да се јадат. Тие имаат многу витамин ЦЕ, па јапонците ги јадат за настинки и болки во грлото. Исто така и кога имаат мамурлак.
Слатки со вкус на свинско месо (Холандија)
Слетките со специфичен вкус се популарен лек за настинка во Холандија. Ова не е само лек, туку и деликатес. Главната состојка од која се прават всушност е докажан лек за кашлица и болки во грлото.
Алкохолни чорапи (Финска)
Се чини дека сите знаеме за третманот со алкохол: Навечер натопете ги чорапите со ракија, облечете ги, покријте се добро до вратот и и можете да спиете. Кога ќе се разбудите следното утро ќе бидете како нови.
Куркума во различни варијации (Индија)
Во индиската култура, куркума се користи во многу различни варијации, заради нејзините антивоспалителни и антибактериски својства. Куркумата се меша со чај или кафе, се додава на оброци, или едноставно се дише над правот за да се вдише директно.
Шот од ѓумбир, лимон и бибер (Јужна Америка)
Ѓумбирот содржи многу корисни материи. И ако на тоа додадете сок од лимон и добро количество на црн пипер – ефектот на затоплување на организмот ќе биде 100%.
Супа “Том Јам” (Тајланд)
Во тајландската супа “Том Јам” измешани се многу корисни билки и зачини, како лимонска трева, лути пиперчиња и ѓумбир. Ова е прва помош за респираторните болести за Тајланѓаните.
Студена терапија (Финска)
Фински народен метод за лекување на настинки во почетната фаза: Изедете огромен сладолед колку што можете побрзо. Во суровата клима – сурови мерки. Потоа треба добро да се облечете топло за да ви се загрее телото.
Третман со живи јајца (Латинска Америка)
Овој метод има свои корени некаде во шаманизмот. Но, сѐ уште активно се практикува од латиноамериканските баби. Доколку детето е болно, тоа значи дека тие го урочиле. За да се отстрани злобното око, треба да се одржи специјален ритуал со живо јајце, кое потоа се крши во чаша вода.
Парење со Нети-Пот (Индија)
Нети-пот е посебен сад за миење на внатрешноста на носот со солена вода. Во Индија се користи за запушени синуси, за настинки и за спречување на нивното појавување.
Греана ракија (Македонија)
На добро загреана рингла, во ѓезве, лонче или метален сад се става шеќер и се остава да се стопи и да добие златно-кафена боја (прегорен или карамелизиран шеќер). Се промешува и се полева со ракија, а се разблажува со вода. Соодносот е 2 спрема 1. Најдобро одговара бела лозова ракија. Доколку ракијата е со повисок процент на алкохол, се додава повеќе вода. Се остава да зоврие, се става во чаши и се служи топла.