Колку народи – толку видови на флерт. Некои користат типични фрази, додека други ги сметаат за сериозна навреда.
Што ќе направите доколку сте во друга земја и некој ви се допадне? Како да го пронајдете вистинскиот пристап и да ги изразите своите чувства? Ние ќе ви помогнеме.
Во Франција: Отворени и со смисла за хумор
Тие може да речат: „Désolé mais je dois vous arrêter pour excés de beauté sur la voie publique“ (Жалам, но ќе морам да ве уапсам за надминување на убавината на јавно место), таквите фрази звучат смешно, а Французите го разбираат ова ги користат само за забава.
Во Шпанија: Бидете елегантни
Во Шпанија, вообичаено е да се направи посуптилен и елегантен комплимент: „Me das tu Instagram?“ (Ќе ми го дадете вашиот Инстаграм профил?). Друга опција: „Me suena tu cara, ¿vienes mucho por aquí?“ (Твоето лице ми е познато, доаѓаш често тука?).
Во Германија: Индивидуален пристап
Во Германија, жените често се навредуваат од страндардни фрази бидејќи ги сметаат за некреативни. Затоа, во Германија, индивидуалниот пристап се цени со голема почит: „Ich habe gesehen, dass du ein Buch von … liest, Ich bin ein großer Bewunderer von ihm“ (Јас забележав дека читате книга…јас сум голем обожавател на неа), на овој начин се покажува интерес кон лицето и нивното хоби.
Во Јапонија: Успорете
Секоја врска во Јапонија се развива многу бавно. Флертувањето е суптилно, со почит и бавно. Тие првин се среќаваат заедно со пријателите, потоа се додаваат на социјалните мрежи и комуницираат таму. Кога ќе се запознаат, Јапонците можат да почнат со прашања, од кои најсмелото е: „きれいですね。もしかして もでるさん?“ (Вие изгледате прекрасно. Дали сте модел?)
Во Шведска: Бидете практични
Храброто флертување во Шведска се смета за неприфатливо. Швеѓаните се попрактични и ги забележуваат деталите. На пример, тие ќе речат: „Твоите очи се толку сини“ или ќе обележат мал украс на вашата облека. И по ограничена комуникација, тие нема да ве поканат насостанок туку на „fika“, односно на кафе.
Во Италија: Бидете физички поблиску
За Италијанците, физичката интимност е како дишење, често се допираат и се прегрнуваат. Тие се исто така похрабри во флертувањето и сликовито ги покажуваат своите чувства. Тие можат да речат: „Sei la cosa più bella che mi sia capitata fino ad ora.“ (Ти си најубавото нешто што сум го видел во мојот живот).
Во Русија: Длабок разговор
Русите сакаат романса. Разговорот често започнува со зборот „здраво“, а потоа се поставува прашањето: „Како ви се допаѓа музиката?“, „Дали често доаѓате овде?“, „Мислам дека некаде сме се сретнале“. Русите се обидуваат да ја истражат душата, да поставуваат прашања за интересите, пријателите и ставовите кон уметноста.