Животните можат да нѐ научат толку многу на сочувствителност и помирување, особено во случаите кога вообичаено се мисли дека некои животни не можат да се смислат едни со други.
Но како што ни покажуваат овие две неверојатни суштества, и двете напуштени и на кои им е потребен дом, понекогаш пријателот може да го направи малку полесен тешкиот пат кој треба да се измине.
Ова е Чип, чивава којашто сопствениците ја предале на старост од пет недели, увидувајќи дека сепак не можат да се грижат за толку мало кутре.
Ова е Адела, напуштена на старост од четири недели.
Ни едното ни другото животно не би имале шанси да преживеат ако не била организацијата „Операција љубезност“, засолниште за животни од Далас чијашто мисија е да се грижат за бездомни мачки и кучиња сѐ додека некој не се реши да ги посвои животните.
Бидејќи средината во прифатилиштето не била соодветна за толку млади животни, и двете веднаш биле дадени во привремен дом.
Бидејќи пристигнале заедно, персоналот решил да ги даде во пар.
Од тој ден, нивниот живот тргнал на подобро.
По неколку дена заеднички живот, Чип и Адела станале многу приврзани еден за друг.
Тие не би можеле повеќе да се разликуваат еден од друг, но можеби токму поради тоа толку добро се сложуваат.
Чип е мирно и опуштено кутре.
Додека Адела е пожива и енергична.
Но, тоа не им пречи постојано да се заедно…
…во удобна прегратка.
Откако Чип и Адела ќе ги добијат сите вакцини, ќе бидат дадени на посвојување како неразделив пар.
Фотографот кој волонтира во прифатилиштето ги сликал двете пријателчиња за да ги подготви за посвојувањето.
Се надеваат дека на потенцијалните нови сопственици ќе им се допаднат сликите и тоа ќе го забрза процесот на посвојување.
Во моментот нивното пријателство е документирано на Фејсбук и Јутјуб, кадешто стекнале повеќе од 45.000 следбеници.