Антонио Милошоски му постави прашање на комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, откако тој изјавил дека на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ им се закануваат за да не поддржуваат референдумот. Еве што го праша Милошоски Хан на Твитер: „Господине Хан, ако го поддржам неуспешниот референдум и неуставниот договор за името, мојата баба ми се закани со зборовите ‘главата нема да си ја најдеш на рамена’. Ве молам обезбедете ми ЕУ институција каде можам да го пријавам ова насилно однесување и да барам заштита од мојата баба.“