Освен сигналните табли кои ти кажуваат каде има гужва, интересно е и тоа што кога пајак службата ќе ви го однесе возилото, полицаецот со креда на асфалтот ќе ти напише каде да го бараш. Друга интересна работа е жолтите казни на ретровизорите, кои се сметаат за голем резил и возачите се срамат да возат со нив. Подобро ќе платат отколку да возат со жолта казна закачена на ретровизорот, концепт кој дефинитивно не може да се примени кај нас. Видеото е дело на легендарните „Top Gear“, кои го посетиле Токио во далечната 1998 година.

Сподели на Facebook
пати видено