Со Шенгенскиот договор од 1985 година, ограничувањата во движењето помеѓу земјите во Европа полека се бришеле. Холандскиот фотограф Валерио Винченцо решил да ја документира оваа промена со серијата „Границите на мирот“, проект кој е особено актуелен денес, кога ЕУ се бори со мигрантската криза.
„Со помош на GPS и детални мапи, пропатував крај многу од овие „избришани“ граници, со намера да ја доловам суштината на овие сега мирољубиви гранични премини“, пишува Винченцо. „Дури и кога понекогаш овие слики се снимени на места илјадници километри оддалечени едни од други, сите тие нудат слики кои се далеку од стереотипот со кој ги поврзуваме границите. Воопшто, што е тоа граница?“
Во 2012 година Европската Унија доби Нобелова награда за мир за „шест децении придонесување за мир, помирување, демократија и човечки права во Европа“. Дали овој мир ќе потрае, со оглед на животните навики, традиции и обичаи на новодојденците, доколку тие не сакаат да се сообразат со европските вредности?