Еве што значи да си го бараш со боринче! Матадор кој пред пет години го загубил едното око кога бик го погодил со роговите в лице, сега беше фрлен високо во воздухот од страна на бик кој успеа да го поткачи. 43-годишниот едноок матадор Хуан Хозе Падила, наречен „Пиратот“ поради превезот на едното око, беше погоден в гради од бикот, кренат во воздух и фрлен во правта, по што бикот продолжил да го напаѓа.
Во 2001 Падила претрпел и сериозни повреди на вратот, за време на борба во Памплона. Минатиот месец пак, матадорот Хулиан Лопез бил погоден директно во задникот за време на борба во Севилја.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!