За да станете астронаут би ви требало многу труд, а и треба да исплните некои луди критериуми. Доколку проценат дека ќе ве биде, ќе треба да поминете една од најлудите подводни обуки на планетата, што е разбирливо, бидејќи условите во подводната средина се најслични со празнината во вселената.
За да станете астронаут на НАСА, ќе треба да преживеете две години како „кандидат за астронаут“.
Поголемиот дел од времето ќе го минете во огромни базени како овој во Хјустон, на чиешто дно е направена копија на Меѓународната вселенска станица.
Но пред да стигнат до ова, кандидатите минуваат низ долг воен тренинг за преживување под вода.
Еден од првите тестови е интензивен тест во пливање. Прво треба да испливате растојание од три олимписки базени без запирање. Потоа треба да испливате три круга во скафандер и со патики.
Доколку го положат првиот тест, кандидатите одат на обука по нуркање.
Покрај нуркањето и одлични пливачки способности, од нив се бара и да бидат пилоти експерти. Па така, колку што минуваат под вода, толку време поминуваат и високо во воздухот.
Ако сето ова им оди добро, кандидатите минуваат обука по инженерство и роботика.
И интензивен курс по руски јазик. Точно така, руски, бидејќи и покрај постојано затегнатите односи, американските астронаути на Вселенската станица најчесто се качуваат со руски вселенски бродови.
Потоа обуката продолжува на разни локации во светот, со асгронаути од други земји.
Англискиот јазик не е главниот јазик при обуката. Најзастапените јазици се руски, германски и кинески.
За да станете астронаут за НАСА, мора да сте американски државјанин или барем да имате двојно државјанство.
Можат да аплицираат воени лица и цивили, но сепак полесно влегуваат кандидатите кои служеле во армијата на САД.
Мора да бидете и со соодветна височина – ни премногу ниски, ни премногу високи, во опсегот од 1.60 до 1.90 метри. Покрај тоа, минувате низ серија медицински тестови кои треба да покажат дека сте во совршено здравје, со одличен вид Но најважно од сѐ е образованието.За да бидете кандидат, мора да имате соодветно високо образование, искуство во предавање во некоја образовна институција и да имате поминато над 1,000 часа пилотска обука. Покрај тоа, треба да се стекнете со факултетска диплома во една од одобрените обласи од НАСА – инжинерство, биологија, физика и математика. Доколку ги исполните сите критериуми, следуваат проверки на вашето минато, серија интервјуа, медицински прегледи и неколку години на интензивна обука. И сето ова не е никаква гаранција дека некогаш навистина ќе се најдете во вселената.