Дубаи е местото каде што се наоѓаат највисоките облакодери, вештачки острови, хотел со прашума и што уште не. Сега Дубаи е и дом на најголемиот забавен парк во светот во затворен простор. Паркот „Светот на авантурите“ се простира на 140.000 метри квадратни и можете да сретнете ликови од Cartoon Network и универзумот на Марвел. Забавниот парк од 1 милијарда долари го отвори владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид.
Огромниот простор може да собере до 30.000 посетители дневно, а има и комплекс од кино сали со 12 IMAX екрани. Со приходите од забавниот парк кои се очекува да се зголемат за 78%, на 837 милиони долари во 2019 година, паркот може да се позиционира како еден од водечките забавни центри во регионот.
Паркот е поделен на четири зони: Марвел, Cartoon Network, Изгубената долина-Авантура со диносаурусите и IMG булевар. Зоната на Cartoon Network, вклучува 5Д кино и е домаќин на 1.200 посетители на час. Постојат 22 атракции за адреналинско возење. Од кои најинтересен е ролеркостер во кој првин ги вози посетителите во затворениот простор а потоа и надвор во пустината. Тој забрзува до 100 километри на час за 2,5 секунди и ги вози посетителите од праисториските џунгли во зоната Изгубената долина, па се до пустината на Дубаи.
Опседнатиот хотел исто така е одлична атракција, со лавиринти и се наоѓа на IMG булеварот кој зафаќа површина од 20.000 метри квадратни. Исто така, има 25 продавници и 28 ресторани и барови, а цените се она што би го очекувале од Дубаи. Само едно пенкало чини околу 25.000 евра. Дубаи се надева дека ќе привлече околу 20 милиони посетители годишно до 2020 година.