Мешаните бракови се честа појава во современиот свет. Сепак, поради разлики во културните традиции и менталитет, брачните другари понекогаш имаат проблеми, и покрај нивните силни чувства еден за друг.
Доколку планирате за маж да си фатите „странец“ или пак сте само љубопитни погледнете како изгледаат и како се однесуваат мажите од различни страни на светот, но како изгледа и идеалниот Македонец.
Американец
Еднаквоста владее во Америка, па затоа е важно за жената дека мажот не само што ќе ја почитува, туку и ќе го уважува нејзиниот избор и мислење во сите ситуации. Во САД, жените обрнуваат внимание на ламберсексуалците.
Македонец
Во Македонија сѐ уште е најзастапен традиционалниот патријархален семеен модел. Затоа, една од најважните карактеристики на идеалниот брачен другар, според жените, е способноста да се грижи за жената и децата. Мажот треба да стане заштитник на семејството и да има доволно висока интелигенција. Додека одржува почитувачки односи со родителите, брачниот другар не треба да биде врзан за здолништето на неговата мајка. Исто така, се цени и способноста да се биде „господар“ на сите занаети.
Германец
Жителите на Германија се познати по нивната прецизност и точност. Ова се рефлектира во имиџот на идеалниот брачен другар. Германски мажи се уредни, чисти, и тоа не е благодарение на нивната сопруга. Главната карактеристика на идеалниот германски семеен човек е „редот“. Тој има „ред“ насекаде – во главата, во собата, и на работата.
Француз
Французите се сметаат за една од најромантичните нации. Мажите се галантни и знаат како да изгледаат убаво. Но, кога станува збор за бракот, многу се менува. На пример, нивната навика да се грижат за себе може да се претвори во бавност и да дојде до потреба жената секогаш да го чека сопругот да се „среди“.
Италијанец
Италијанците се многу емотивни. Ова се манифестира не само во жешки расправии, туку и во страсни изјави на љубов. Посебна карактеристика на италијанските семејства е исклучително широка мрежа на роднини, вклучувајќи ги и најоддалечените. Затоа, идеалниот сопруг се сеќава на сите и правилно комуницира со сите.
Англичанец
Англиските мажи се цврсти, воздржани и прагматични. Тие се однесуваат како вистински господа, но за нив е подеднакво важно нивните семејства да изгледаат примерно во очите на другите. Затоа, лојалноста кон традициите, заедничките оброци и пиењето чај се составен дел од нивниот живот. И секој вистински Англичанец мора да биде член на еден клуб.
Јапонец
Јапонското семејство се базира на патријархални односи, што значи дека мажот е глава на куќата. Тој, исто така, ги решава главните прашања. Исто така, јапонците работат многу, а брачниот другар може да исчезне од дома до вечер, што се смета за норма. Во Јапонија сѐ уште има договорени бракови, но тие полека се искоренуваат со бракови од љубов. Сепак, некои традиции сé уште диктираат строги правила на однесување и етикета.
Кинез
И покрај фактот дека во Кина, како и во многу други земји, жените имаат официјално еднакви права со мажите, изборот на партнер често зависи од нивните родители. Постарата генерација обрнува внимание на социјалниот статус на потенцијалниот брачен другар, неговото место на работа, па дури и изгледот.
Пожелно е мажот да биде постар и да заработува повеќе од неговата сопруга. Љубовта и среќата за некои девојки не се најважните работи во семејството. Бракот за нив е проект кој треба да биде успешен. И љубовта не е секогаш загарантирана.