Јапонците имаат посебен спортски настан на кој се тепаат хуманоидни роботи 1 на 1. Ова е битка од 28-мото издание на настанот. Првото вакво шоу било организирано во 2002 година. Роботите се програмирани да бидат самостојни и не се управуваат со далечински управувач од надвор. Со помош на многубројни сензори ја восприемаат околината и на секоја ситуација реагираат соодветно.