432 Park Avenue – ова е адресата на највисоката станбена кула во западната хемисфера. Извишувајќи се во височина од 425 метри, облакодерот нуди 104 станови од 2700 метри квадратни, со плафони високи 4 метри, прозорци 3 х 3 метри и цени од 16.95 до 82.5 милиони долари.

Неверојатната кула ја дизајнирал Рафаел Вињоли и за нејзината изградба биле потребни три години. Се наоѓа во центарот на Менхетен и апартманите на горните катови нудат поглед на целиот град од Хадсон до Ист Ривер, од Бронкс до Бруклин, од Централ Парк до Атлантскиот океан Во зградата има приватен ресторант со надворешна тераса, базен од 22 метри, кино сала, вински визби со контролирана температура, детско игралиште и соба за состаноци.

pent01

pent02

pent03

pent04

pent05

pent06

pent07

pent08

pent09

pent10

pent11

pent12

Сподели на Facebook
пати видено