Се среќаваат двајца пријатели. Едниот го прашува другиот:
– Како си помина на одмор во Африка?
– Трај, не прашувај, само чудо ме спаси од сигурна смрт.
– Како така? Ајде раскажувај!
– Значи, одам јас низ пустината, кога наеднаш гледам дека ме следи еден лав. И јас брат, веднаш почнувам да трчам, колку што ме држат нозете. Ама гледам, лавот ми е се поблиску. И во последен момент, таман лавот да го направи последниот потег и да скокне да ме изеде, се лизна, си ја скрши ногата и така се спасив.
– Леле, леле! Е ти навистина си бил многу храбар штом си имал нерви да продолжиш да бегаш! Секоја чест! Јас да бев на твое место, сигурно би се посрал в гаќи!
– А ти што мислиш, среде пустина, на што се лизна лавот?

Сподели на Facebook
пати видено