Еднаш, пред многу години, Господ исчезнал седум дена.
Кога се врати, Архангел Гаврил го прашал:
– Каде бевте?
– Само да знаеш Архангеле што направив таму! – Гордо рекол Господ, покажувајќи му надолу под облаците.
– Што е ова?
– Планета. Ја нареков Земјата. Ја дарував со живот и направив таму да има совршена рамнотежа.
– Совршена рамнотежа? Што значи тоа? – Прашал Архангел.
– Види сега, ова е Европа – континент кој е развиен и богат на север, но со лоша клима, а на југ пак има убава клима. Ова е Азија. Таму ги населив жолтите, а црните во Африка. А ова се двете Америки – едната богата, другата сиромашна. Па, дали ја забележуваш рамнотежата сега?
– Да! Но што е ова малото? – Прашал Архангел и покажал кон едно мсто во Југоисточна Европа.
– Ова е Македонија. Има прекрасна природа, плодни полиња, реки со чиста вода, прекрасни езера и блага клима. Во неа живеат многу чесни и трудољубиви луѓе, паметни и способни…
– Добро, но тука нема рамнотежа…
– Чекај да слушаш само кој ќе владее со нив!