Кога се проучувала Византиската империја од VІ-IX век, често се заборавала една многу важна служба, чија улога и влијание биле премногу значајни. Таа институција се нарекувала „Асикритис“(асоцијацијата со зборот сикрет не е случајна), а одговорниот на службата го носел називот „Протоасикрит“. Ова е единствената служба, која имала таен карактер, без да е поврзана директно со финансиите на империјата.
Тајната служба била создадена во времето на императорот од Македонија, Јустинијан Први. Биле пронајдени докази дека императорите одамна воделе „тајни кореспонденции“. Дали сите имале мрежа на луѓе која им помагала да се извршат овие кореспонденции и со кого точно комуницирале?
Се претпоставува дека се работело за писма наменети за други владетели, дипломати или пак шпиони. Така излегува дека всушност Министерството, „Асикритис“ било тајната служба на империјата.
За време на императорот Лав VI (886-912г.) Асикритот Симеон кој подоцна станал Протоасикрит водел успешни преговори со арапскиот корсар Лав Триполит. Понекогаш, освен во дипломатската активност Асикрити учествувале и во воени дејствија, како војводи. Таков бил Протоасикритот Химериј кому Лав VI му доделил да раководи со сите морски сили на империјата. Треба да се додаде дека многу често вработените во тајната служба на Византија биле високо образовани луѓе. Така на пример, стихови на Асикритот Стефан Капетоли биле изрезбани врз ѕидовите на царскиот дворец.
За време на император Константин VII Асикритот Григориј предавал астрономија. Високото ниво на едукација им дозволувало на началниците и членовите на тајната служба активно да учествуваат во бројни црковни дискусии што за тоа време било многу одговорна функција.
Еден од најобразованите луѓе на своето време (на крајот на VIII век), патријарх Тарасиј Цариградски пред да добие висок црковен чин служел токму како Асикрит. Воопшто, службениците-асикрити учествувале во различни активности на државната политика, при тоа на највисоки позиции.
Тајната за Византиската тајна служба е толку добро сочувана што и денес малку се знае за неа, но голем број на историчари сакаат да ја разоткријат оваа мистериозна служба.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.