Луѓето постојано се изложени на процеси на т.н. перење на нивните мозоци. Тоа е стара техника која применува најразлични методи за влијание врз јавното мислење, поттикнување на определен вид на однесување и всадување на определени верувања. Ова се основните методи на перењето мозок. Благодарение на следните информации ќе можете полесно да препознаете кој и што ви прави.
Изолација
Перењето мозок може да биде навистина ефикасно врз изолиран субјект кој прима малку или воопшто никакви надворешни информации. Техниките на перење на мозокот можат да се применуваат само во контролирани средини.
Мантри и слогани
Има длабока причина зошто во култовите и воопшто во религиите се употребуваат хипнотички стихови и песни. Натерајте ги луѓето постојано да повторуваат едно исто, на пример некаков бесмислен слоган, и сте успеале да ги замолчите нивните внатрешни мисли, со што правите вашите мисли да загосподарат со нив.
Имитирање
Имитирањето е најискрената форма на перење на мозокот. Повторете ги последните зборови коишто некој ги кажал, и тој ќе биде поотворен кон вас и вашите сугестии.
Во ова сме заедно
Идентификувајте непријател, и јасно истакнете дека тој непријател е против „нас“. Концептот на „тие против нас“ ментално создава силни чувства како омраза и лојалност.
Понудете избор без избор
Понудете можни решенија кои сите водат кон еден ист резултат. Правењето на луѓето да мислат дека имаат некаков избор и учествуваат во донесувањето на некакво решение, кога практично ништо не зависи од нив, ќе им ја зголеми самодовербата и уште поцврсто ќе бидат решени да го сторат тоа.
Повторување
Повторувајте некое ваше убедување или став и поткрепете го. Повторувајте некое ваше убедување или став и поткрепете го.
Одете до крајност
Држете сѐ во рамките на црно и бело. Ова е добро, ова е лошо. Ова е долу, ова е горе. Умовите кои мислат во крајности се повеќе подложни да дејствуваат како што ќе посакате во даден момент, за разлика од умовите склони да размислат потемелно и пообјективно за дадената ситуација.
Страв
Направете луѓето да мислат дека се во опасност, и спасете ги од таа опасност. Обезбедете безбедност и засолниште или понудете да ја поразите восприеманата опасност.
Употребете логика
За секое свое барање понудете конкретна причина. Не барајте нечиј автомобил на заем. Побарајте нечиј автомобил на заем за да стигнете до аптека колку што е можно побрзо да купите лекарства за вашата чукунчукунпрабаба којашто е на смртна постела.
Контролирајте го дотокот на информации
Од време на време овозможете доток на информации, но брзо, делумно и контролирано. Со текот на времето, сѐ што ќе кажете ќе се смета за важно, посакувано мислење и точно.