Психоделичниот ентериер на оваа 113-годишна преобратена лутеранска црква во соседството Денвер во Вашингтон Парк е соодветен, бидејќи тоа е Меѓународната црква на канабис. Тоа е единствена заедница каде што членовите, кои се нарекуваат себеси Elevationists, користат канабис за духовни цели и за позитивно влијание врз нивните животи.

„Мисијата на Меѓународната црква на канабисот е да им понуди дом на возрасните насекаде во светот кои што се обидуваат да создадат најдобра верзија на самите себеси преку светото растение.“, се вели во соопштението на нивната веб-страница. „Нашето животно учење е дека духовното патување на поединецот и потрагата по значење, може да се забрза со ритуалната употреба на канабис. Елеватионистите не бараат божествен авторитет, ниту авторитарна структура, па затоа оние од сите религиозни и културни потекла се добредојдени да ја посетат нашата катедрала и да учествуваат во нашите прослави.“

Црквата ги отвори своите врати на 20 април 2017 година, ден прославен од корисниците на канабис, како еден вид неофицијален празник за конзумирање марихуана. Изненадувачки, Меѓународната црква на канабис е трета од ваков вид во САД, другите две се наоѓаат во Ленсинг, Мичиген и Индијанаполис, Индијана.

Седиштето на заедницата е сместено во една вековна структура од тули која некогаш била наречена Апостолска црква. Црквата била купена од страна на основачите на Црквата на Канабис и Стив Берке како ко-сопственик, со намера да ја претворат во станови. Сепак, Берке и неговите пријатели ги убедиле основачите да ја претворат црквата во седиштето на нивната новооснована религија.

Берке го најмил легендарниот уметник Кени Шарф, чија работа ги украсува Витни и Њујорк Музејот на модерната уметност, за да се погрижи за преуредувањето. Берке, исто така го донел и шпанскиот уметник Окуда Сан Мигел, кој веќе ги насликал напуштените цркви во Шпанија и Мароко, за да ја наслика внатрешноста.

На денот на отворањето, околу 50 луѓе ја посетија црквата. Бројот на претплатници се зголемил на 200 за помалку од една недела. Од август црквата имала 1.400 имиња на нивната листа.

Марихуаната е легална во Колорадо, но само ако пушите дома или во приватни клубови. За да се усогласат со локалните закони, пушењето не е дозволено во црквата од четврток до недела. Но, во петоците, во вечерните часови се одржуваат приватни канабис забави.

Сподели на Facebook
пати видено