Британецот Дестан Лоу откако не успеал да ја продаде куќата преку оглас, смислил генијален план како да заработи 1 милион фунти.
Тој ја купил куќата за околу 400.000 фунти, а за нејзиното реновирање потрошил уште 100.000. Идејата му била да ја реновира и да ја продаде поскапо. Ја огласил со цена од 700.000, но никој не сакал да ја купи. Затоа тој смислил итромански план. Објавил дека куќата ќе ја додели некому на лотарија. Испечатил вкупно 500.000 талони кои ги продавал по 2 фунти. Лотаријата ќе се одржи на 1 август, а до тогаш генијалецот треба да ги продаде сите ливчиња.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.