36-годишен кинески државјанин беше уапсен од страна на руските царински службеници на меѓународниот граничен премин Благовешченск – Хејхе. Човекот се обидел илегално да пренесе 4 златни плочки од по 1 килограм на многу необичен начин. Цената на златото што се обидел да го прошверцува е околу 8,5 милиони денари. На Кинезот му претстои казна затвор од 3 до 7 години, надополнета со парична казна од 1 милион денари.