Да се живее во стара јапонска куќа е незаборавно искуство. Сè е согласно со традициите: генкан, васитцу, фусума, шоји, татами, забутон, футон, осире. Има дури и камидана. Јапонската култура е прилично различна од останатите и затоа вреди да се види како изгледа и функционира, еден традиционален јапонски дом на островот Изу-Ошима, изграден пред 120 години.
Генкан е јапонски ходник. Во оваа просторија мора да ги собуете чевлите. Според правилата потребно е да се распоредат чевлите во правецот на вратата. Кога ќе стапнете на платформата потребно е да бидете боси.
Традиционални машки обувки, а можеби и една варијанта на Гета.
Соба во традиционалниот јапонски стил се нарекува washitsu. Просторот е поделен со внатрешни лизгачки ѕидови fusuma. Рамките и решетките се изработени од дрво, надворешната страна е обложена со матна оризова хартија. „Ѕидовите“ кои ги одделуваат собите се нарекуваат shoji. Се користи оризова хартија која пренесува светлина.
Камидана е ниша за Ками. Мало светилиште на Шинто, како домашен олтар. Шименава – буквално „јаже за оградување“, означува свето место. Белата цик-цак лента е наречена Shide. Ками се јапонски божества, духови.
Нема централно греење. Можете да го вклучите клима уредот, ако е во куќата или подниот грејач. Греењето на куќата е скапо, затоа го решаваат проблемот локално. Шармот на јапонскиот дом се истакнува кога ќе стигнете до бањата ofuro. Тоа е мал простор, но затоа водата не се лади долг период, а надвор е само главата. Сопственикот внимателно ги оставил шишињата со топла вода. Електричните кебиња се исто така широко распространети.
Футон е дебел, мек, душек, кој се мести секоја вечер за спиење. Наутро се крева во плакарот. Плакарот се нарекува ошире.
Коридор долж периметарот на куќата е во комбинација со градината во потоплите месеци. Ѕидовите се движат, во исто време станува поладно. Во овој случај, традиционалниот shoji се заменува со модерно застаклување.
Вратата обично се украсува со сликање. Сите слики се направени на дното на вратата затоа што се наменети да ги гледаат луѓето додека седат. Во јапонската куќа генерално не е прифатено да се стои исправено, се оди од место на место и пак се седнува на колена. Оваа положба се нарекува Seiza, буквално „правилно седење“.
Во дневната соба има европски софа и јапонска маса со кратки ногарки. Перниците се нарекуваат заблутон. Тие се користат за седење на подот или на столици.
Кујната се наоѓа надвор од куќата. Постои оризовен шпорет, микробранова печка, нешто како скара, шпорет и фрижидер. Многу садови.
Машината за перење е едноставно огромна.
Исто така куќата има своја визба, или подрум.
Од прозорецот се гледа прекрасната градина.
Оваа Voneten куќа за гости на островот Изу-Ошима, се наоѓа во градот Хабуминате, во блиското село. Сопственикот е друштвен и гостопримлив.
Јапонска мачка Анко. Ја тренирале да не влегува во домот, дури и кога вратата е отворена.
А еве и видео за тоа како изгледа