Денес со едноставен отпечаток од прст може да се докаже дека некој е невин или пак да се смести криминалец во затвор, исто така со отпечаток можете да си го отклучите и паметниот телефон. Сепак во минатото важноста на отпечатокот уште не била сфатена и можноста да се идентификуваат луѓето била ограничена.
Затвореникот Вил (Вилијам) Вест бил осуден за ситен прекршок во 1903 година, но кога пристигнал во затворот Лавенворт, Канзас му кажале дека веќе отслужува доживотна затворска казна за убиство од прв степен. Кога го проверувале во базата на затвореници неговото лице се совпаднало со затвореникот Вилијам Вест, кој бил во истиот затвор веќе некое време. Во 1901 во затворот бил донесен првиот Вилијам, а службениците кога ја дознале вистината биле целосно изненадени, затоа што затворениците си личеле и имале исто име и презиме.
Тогаш затворениците биле идентификувани според „Бертилон“ систем, односно имало нивна фотографија и детален опис за тоа како изгледаат. Системот функционирал добро скоро 20 години, пред да се појави „аномалија“. Полицијата првин не му верувала дека Вил не е убиец и за прв пат влегува во затворот, но кога го побарале вториот затвореник тогаш биле уверени за забуната.
Во тој период Бертилон работел напредувал и направил нов пробив во дактилоскопијата со идентификување и осудување на убиец врз основа на неговите отпечатоци од прсти. Затворот веднаш го искорстил овој систем и кога двајцата затвореници биле подложени на него во 1905 година било утврдено дека овој начин е најсигурниот метод.
Постои тврдење дека откако им биле проверени отпечатоците на прстите, полицијата докажала дека Вил кој бил осуден за ситен криминал, всушност бил и убиецот од претходниот случај, а другиот затвореник бил невин. Но , за оваа приказна нема сигурни докази.
Денес, благодарение на овие двајца неповрзани, но идентични затвореници и нивната затворска загатка, анализата на отпечатоци е користена од секоја агенција за спроведување на законот, во секоја земја, од целиот свет, така што кога е потребно, тие можат да ги определат осомничените и да ги осудат правилно.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.