Еминем е еден од најдобрите рапери денес, а неговата приказна како од проблематично момче станал светски позната ѕвезда е уште поневеројатна. Тој не би бил тоа што е денес доколку познатиот музичар Др. Дре не бил импресиониран од неговата касета и тоа сосема случајно.
Др.Дре објаснува дека приказната започнала во домот на продуцентот Џими Ловин, кога тој самиот дошол на „сесија за слушање“ на музика. Во гаражата на Ловин имало премногу касети и тој пуштил една од касетите, а Дре бил воодушевен. Дре и Ловин решиле да го повикаат Еминем на состанок, а првиот впечаток што му го оставил Еминем на Дре биле „светло жолтите тренерки“ на Еминем.
Еминем во тој период сакал да направи кариера и како што вели и самиот: „Патував каде и да можев, само за да направам некое име за себе и им делев касети на сите.“ Предлогот на Дре тие двајцата да направат проба во студиото во домот на Дре го одушевил младиот „Слим Шејди“.
Тој ден во студиото се родил и првиот хит на Еминем „My Name Is“, откако Еминем решил да импровизира. „Беше, човек слушај. Го склопив овој примерок. Кажи ми ако ти се допаѓа и ја пуштив машината и можеби поминаа две или три секунди и тој само почна „Здраво! Моето име е ….моето име е“ Бев, Јо! Стоп, оваа срање е жешко! Тоа се случи на нашиот прв ден во првите минути кога ние двајцата бевме во студиото.“, вели Др.Дре во видеото.
Еминем и Дре навистина уживале во нивната прва средба и Дре и Ловин сакале младиот рапер веднаш да потпише договор. Дре вели дека тој уште на почетокот имал претчувство дека Еминем ќе успее. Затоа кога сите останати биле против оваа нивна соработка, најмногу поради тоа што Еминем не одговарал на „физичкиот изглед на еден рапер“, Дре одбил да се откаже, бидејќи верувал во талентот на Еминем.
Денес Еминем е едно од најголемите имиња на музичката сцена, но тој не го заборава Др. Дре и како што има изјавено повеќе пати, дека, му го должи животот на овој човек.